Рачна бомба фрлена врз рускиот конзулат во Атина

Експлозивна направа, најверојатно рачна граната, била фрлена во утринските часови пред просториите на рускиот конзулат во Атина, но не е пртедизвикана посериозна штета.



Камерите пред објектот покажуваат дека нападот го извршиле две лица на мотор кој ја фрлиле експлозивна направа  покрај стражарската куќичка.

Властите испитуваат дали мотор кој е пронајден делумно изгорен во центарот на градот е поврзан со инцидентот, дознава АП.

Грција има долга историја на радикални групи  кои периодично ги напаѓаат симболите на државната власт, на бизнисот или странски дипломатски претставништва.

 Полициските службеници, под услов да останат анонимни, се сомневаат дека  нападот бил извршен од левичарска милитантна група наречена Група народни борци, која ја презеде одговорноста за бомбардирање на канцелариите на една телевизиска станица и на весник во декември.

Групата, позната по грчкиот акроним ОЛА, се смета за одговорна за неколку бомбашки напади и престрелки, откако за прв пат се појави во 2003 година.

Во ниеден од нападите немало жртви.