Интересен момент се случи на поздравувањето за време на средбата меѓу турскиот претседател Ердоган и македонскиот премиер Заев која се одржа вчера во Анкара.
Во еден момент како што може да се види на видеото Ердоган се обидува да се поздрави со Заев со крената рака во “ковид стил” но премиерот не ја пружа својата рака за да ја допре таа на турскиот претседател.
Заев, дали од што не разбра што му е целта на Ердоган или од други причини, својата рака на чува на срце и не се поздравува со домаќинот.
На крајот Ердоган откако не доби повратен поздрав од Заев се откажува со насмевка.
Ердоган пружа лакто да се поздрават, а глеј го Ломбаков 🤦♂️ pic.twitter.com/9EvUQrfgAf
— Kuglica (@Kuglica6) June 6, 2021






