Дури 306 работодавачи кои добиле финансиска поддршка од државата од 16,3 милиони денари не им ја исплатиле декемвриска плата на 992 вработени.



Од тие причини, неисплатените плати присилно ќе се префрлаат на сметките на работниците, а фирмите добија рок до кога треба да го сторат тоа.

За газдите следат опомени, а по истекот на рокот ќе биде спроведена и присилна наплата со блокада на нивните трансакциски сметки, а парите ќе бидат префрлени на сметките на работниците. 

За случаите од октомври и ноември кога газдите ја злоупотребуваат државната помош, сметките се блокирани и во тек е присилна наплата. За оние пак, на злупотреба од април до јуни надлежно е јавното обвинителство. 

Минатата година по овој основ државата исплати над 30 милиони евра. Најмногу пари беа доделени во април за над 128.000 работници, најмалку за декември кога биле поддржани над 60.000 работни места.