Недела да биде неработен ден. Минималната плата да изнесува 60 проценти од просечната плата, а со тоа и спирално зголемување на сите останати плати согласно колективните договори. Исплата на К-15 за сите работници, беа дел од барањата на протестот што се одржа денеска во Скопје во организација на ССМ.



Исто така беше побарано да се почитува правото на избор на работникот дали ќе се вакцинира или не никој не смее да му го оспори.

Најмалку треба самите работници на нивни трошок да прават ПЦР тестови и невакцинирањето да биде причина за откази.

Протестот започна од зградата на ССМ, кон Собранието, а потоа и кон седиштето на Организацијата на работодавачи на Македонија и Стопанската комора на Македонија каде што ќе бидат упатени барањата од протестот.

Претставниците на ССМ беа примени во Собрание од каде добиле уверување дека „уште идната недела ќе биде изгласано законското решение за сите работници кои ќе работат во недела да земаат 50% , а сите останати да одмарат“.