Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) вчера го повика Уставниот суд да ја отфрли иницијативата на Стопанската комора со која се оспорува Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи, којшто во својата содржина опфаќа „работа во недела“.
Во иницијативата се наведува дека ден на неделен одмор може да биде кој било друг ден во неделата, дека е утврден и додаток на плата за работа во недела во износ од најмалку 50 проценти за секој час поминат на работа и од тие причини е дозволена нееднаквост на граѓаните пред законите.
Според ССМ, со иницијативата ќе се задре во веќе утврдено право на непрекинат неделен одмор што се состои од најмалку 24 часа за период од седум дена на илјадници работници во државата.
„Синдикатот предлага Уставниот суд да расправа по ова прашање секој ден – недела до крајот на годината и тогаш повторно да ги прашаат работодавците кои стојат зад иницијативата правото на неделен одмор да не биде регулирано со закон, дали се против и дали остануваат на ставот истакнат во иницијативата“, пишува „Независен“.







