По кратко боледување и сериозни компликации во последните денови, почина Бојо Андрески, основач и сопственик на првиот приватен Универзитет во Македонија, Европски Универзитет, пренесе “Вечер”.
Бојо Андрески, роден 1960 година, го отвори првиот факултет, кој подоцна прерасна во првиот приватен Европски Универзитет на Република Македонија.
Андрески беше лидер на Партијата на правдата, сопственик на печатеното издание на весникот Вечер, основач и сопственик на првиот Универзитетски центар за стоматологија.
Кариерата ја започна како подофицер во Југословенската народна армија.





