Рускиот претседател Владимир Путин зборуваше за распадот на Советскиот Сојуз пред три децении, нарекувајќи го падот на „историската Русија“ и додаде дека тешката економска криза што следела го принудила да почне да работи како таксист.
„Тоа беше распаѓање на историска Русија под тогашното советско име“, рече Путин за распадот на Советскиот Сојуз во 1991 година.
Неговите изјави беа емитувани дееска во документарецот наречен „Русија: Нова историја“, објави државната новинска агенција РИА.
Рускиот претседател најпрво опиша како лично го погодила тешката економска ситуација која следеше по распадот на Советскиот Сојуз, кога Русија падна во двоцифрена инфлација.
„Понекогаш морав да се возам со такси. Се срамам да зборувам за тоа, но за жал и тоа се случи“, рече тој.
Во советско доба, тој работеше за КГБ Путин работеше за КГБ а за распадот на СССР вели дека била „најголемата геополитичка катастрофа“ на 20 век.
Тој потсетува дека земјата изгубила 40 отсто од својата територија, приближно ист производствен капацитет и население. „Станавме сосема друга земја. И она што е постигнато за илјада години е во голема мера изгубено“, додаде Путин.
Со распадот на Унијата, „25 милиони Руси одеднаш се најдоа во странство, во републиките на поранешниот Советски Сојуз, кои стекнаа независност и суверенитет“, изјасвил Путин.
Но, неговите последни изјави сугерираат дека тој го гледал распадот како чекор наназад кога станува збор за моќта на Русија.
Украина беше една од 15-те советски републики.






