Рускиот претседател Владимир Путин на средбата со генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, објасни дека Донецк и Луганск станале независни држави по аналогија со одлуката на Меѓународниот суд на Обединетите нации за Косово.
„Многу добро сум запознат, лично ги читав документите на Меѓународниот суд на ОН за Косово. Добро се сеќавам на одлуката на Меѓународниот суд, каде што пишува дека при реализацијата на правото на самоопределување одредена територија на која било држава нема обврска да бара дозвола од централната власт за да прогласи свој суверенитет. Тоа е кажано во врска со Косово и тоа е одлука на Меѓународниот суд. Таа одлука сите ја поддржаа. Лично ги читав сите тие коментари на органите на САД, на европските земји, сите го поддржаа тоа. Ако тоа е така, тогаш ДНР и ЛНР го имаат истото право да прогласат свој суверенитет, не обраќајќи им се на централните органи на власта во Украина, бидејќи преседанот е направен“, рече Путин.






