Ова го истакна рускиот претседател во своето обраќање до нацијата по повод Денот на бранителот на татковината што денеска се одбележува во Русија емитувано на националната телевизија.
Во второто појавување на рускиот претседател во рок од два дена, Владимир Путин ги истакна големите воени способности и одличната обука на армијата, но рече дека и понатаму е склон да бара „дипломатски решенија“ за кризата во Украина.
„Нашата земја е секогаш отворена за директен и искрен дијалог, за барање дипломатски решенија за најсложените проблеми“, рече Путин.
Но, според него „интересите на Руската Федерација и безбедноста на нејзините граѓани се безусловни за нас.
Тој ги наведе „дестабилизацијата на системот за контрола на вооружувањето“ и „воената активност на НАТО“ како главни закани за Русија.
Денес, обезбедувањето на одбранбената способност на нашата земја останува најважната државна задача, а вооружените сили се сигурна гаранција за националната безбедност, мирот и спокојството на нашите граѓани, стабилниот и прогресивен развој на Русија, рече Владимир Путин.







