Рускиот претседател во обраќањето до воените команданти и на министерот за одбрана денеска, рече дека „стана очигледно дека војната во Украина е неизбежна“, додавајќи дека „подобро е да се случи денес отколку утре“.
„Стана очигледно дека конфликтите со овие сили, вклучително и оние во Украина, се неизбежни. Единственото прашање беше кога тие ќе се случат“, рече Владимир Путин.
„Се разбира, воените операции секогаш се поврзани со трагедија и човечки загуби….го разбираме тоа многу добро, ние сме свесни за тоа.
Но, имајќи предвид дека тоа беше неизбежно, подобро денес отколку утре“, рече Путин, додавајќи дека „трагедиите во Украина не се вина на Русија“.
Тој ги нарече човечките загуби во Украина „едноставна трагедија“, и додаде дека Украинците сè уште ги гледа како „братски народ“.
Спортед него, „Непријателите на Русија сакаат распад на нашата земја“.







