Путин вакциниран, се чувствувал добро

Рускиот претседател Владимир Путин примил вакцина против коронавирус, соопштија од Кремљ.



„Путин се вакцинираше. Се чувствува добро. Го очекува ден полн со обврски“, изјави неговиот портпарол Владимир Песков.

Не е наведено која од трите руски вакцини ја примил шефот на Руската Федерација.

Претходно од кабинетот на Путин соопштија дека на медиумите нема да им биде овозможено да го снимат со камери вакцинирањето на претседателот, кој „никогаш не го поддржувал тоа, тоа не му се допаѓа“, објасни Песков.