Рускиот претседател вели дека западните земји ја претворија Украина „во колонија“ и сега го користат народот во земјата „како топовско месо“ во конфликтот против Русија, пренесуваат медиуми.
Според неговите зборови, Западот со години „бесрамно ги експлоатира и исцрпува“ украинските ресурси и дека западните сојузници на Киев „ја туркаат земјата на самоубиствен пат“.
Желбата на Западот е да ја задржи својата доминација на светската сцена и затоа ги зголемува ризиците од конфликт.
„Потенцијалот за конфликт во светот се зголемува и тоа е директна последица на обидите на западните елити со какви било средства да ја задржат својата политичка, финансиска, воена и идеолошка доминација“додавајќи дека тие намерно го зголемуваат хаосот и ја заоструваат меѓународната ситуација.
Путин постојано ја прикажува војната во Украина – која Москва ја нарекува „специјална воена операција“ – како конфликт меѓу Русија и Западот и ги критикуваше оние што обезбедуваат воена и финансиска помош за Украина.
Наспроти ова, Киев, европските земји и Вашингтон тврдат дека Москва – под изговор дека се плаши за својата национална безбедност – започна цинична агресивна војна против својот проевропски сосед во обид да ја заземе својата територија и да го собори претседателот Володимир Зеленски.







