Стартот на извозот на руски гас преку гасоводот „Северен тек 2“ под Балтичкото Море ќе доведе до намалување на цените на овој енергенс во Европа, изјави рускиот претседател Владимир Путин, цитиран Ројтерс.
„Дополнителните испораки на гас на европскиот пазар на гас секако ќе ја намалат цената на берзата“, рече Путин.
Гасоводот Северен тек 2, завршен во септември, но наиде на отпор од САД и неколку земји, вклучително Полска и Украина, кои велат дека гасоводот „ќе го зголеми влијанието на Русија во Европа“.
Гасоводот од Русија до Германија сè уште чека регулаторно одобрение од Берлин и од Европската унија.







