Путин: Сладната седмица неработна во цела Русија

„Исклучително важно е да се сопре ширењето на заразата, затоа објавувам дека следната седмица ќе биде неработна. Со други зборови, нема да се работи од 28 март до 5 април“, објавил денеска рускиот претседател Владимир Путин во ТВ обраќањето до нацијата, пренесуваат бугарските медиуми цитирајќи го ТАСС.



„Гледаме колку драматично се одвиваат работите со епидемијата. Во многу земји бројот на заболени рапидно расте. На удар е економијата во целиот свет“, рекол рускиот претседател и додал дека истото е и со руската економија.

„Луѓето кои ја загубиле работата поради епидемијата, треба да добијат помш од владата“ рекол Путин и најавил дека малите и средните претпријатија треба да добијат даночни ослободувања, а луѓето кои имат кредити, треба да ги отплаќаат подоцна, без казни.