Путин-Шолц: Германија ќе продолжи да купува руски гас за евра

Германија вели дека од утрре ќе продолжи да го плаќа рускиот гас во евра/долари по телефонскиот разговор меѓу канцеларот Олаф Шолц и рускиот претседател Валдимир Путин. Во телефонскиот разговор Путин му рекол на германскиот канцелар Олаф Шолц дека ништо нема да се промени за европските партнери и дека плаќањата ќе се вршат во евра и ќе бидат префрлени во банката Гаспром, која ќе ги претвори парите во рубли, рече германскиот портпарол, пренесе Ројтерс.



Русија најави дека поради финансиските санкции на Западот за Украина, од 1 април ќе бара плаќање за нејзиниот извоз на енергија – особено гасот од кој зависи Германија – во рубљи

„Шолц не се согласил со оваа процедура и побарал писмени информации за подобро да ја разбере процедурата“, рече портпаролот.

Тој додаде дека останува договорот на Г-7, во кој се наведува дека енергетските испораки од Русија ќе се плаќаат само во евра или американски долари. Министерот за економија Роберт Хабек, кој претходно поттикна итен план за управување со снабдувањето со гас, рече дека ситуацијата е тешка за читање и дека изјавите од Русија не се целосно јасни. Тој за телевизијата ЗДФ изјави дека Русија не ја повлекла својата закана дека ќе ја запре испораката на гас доколку не се плаќа во рубли. „Но, има први сигнали – не веднаш и не толку брзо“, рече Хабек.