Рускиот претседател Владимир Путин наареди прекин на нападите во индустриската зона на фабриката Азовстал во Мариупол. Пред рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу, Путин го опиша нападот како „несоодветен“ и нареди нападот да се запре.



„Верувам дека предложениот напад на индустриската зона е неоправдан. Наредувам да се откаже“, рече врховниот командант, цитиран од ТАСС, а министерот за одбрана потврди.

Путин рекол дека сите украински војници што ќе се предадат ќе бидат поштедени.

Претходно министерот за одбрана Шојгу објави дека Мариупол веќе е под целосна контрола на руските сили, освен на територијата на претпријатието, каде што украинските борци и странските платеници се „безбедно затворени“.

Шојгу го нарече Мариупол главен град на националистичкиот баталјон Азов.

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров вчера се закани дека денешниот ден ќе биде последен за Азовстал.

Се очекуваше Азовстал да биде сериозно нападнат денеска, а тамошните украински борци одбија да го положат оружјето и да се предадат, иако рекоа дека тоа најверојатно ќе им бидат последните денови.