Путин се појави во црква на Велигден

Рускиот претседател Владимир Путин присуствува на велигденската богослужба во катедралата Христос Спасител во Москва, придружуван од градоначалникот на главниот град Сергеј Собјанин.



Свечената молитва ја упати Патријархот Московски и на цела Русија, Кирил.

Руските агенции се се повикуваат на прес-службата на Кремљ, која известува дека Владимир Путин им го честита Велигден на православните христијани и на сите Руси.

ТАСС забележува дека шефот на државата се појавил во црквата околу полноќ и држел запалена црковна свеќа во раката.