Видеото, кое до четвртокот имаше речиси 1 милион прегледи, а трае само четири секунди предизвика лавина коментари на социјалните мрежи околу тоа дали на снимката е рускиот претседател или негов двојник, пишува Њусвик.



Видеото, кое до четвртокот имаше речиси 1 милион прегледи, трае само четири секунди и додека има воден печат на Кремљ во горниот десен агол, не е јасно кога е снимено, иако на видеото има воден печат на Кремљ во горниот десен агол.

Десниот образ на Путин бил многу затегнат и „бебешки мазен“, како што го опишале корисниците на социјалните мрежи поради што одреден број од луѓето биле убедени дека тоа всушност е неговиот двојник.

„Двојник со импланти во образите“, напишал некој корисник на социјалнaта мрежа „Х“, пренесува британски „Express

На негова констатација се огласиле и други луѓе кои напишале дека не станува збор за двојник туку дека претседателот на Русија бил на третмани на затегнување на лицето.

Одамна се шпекулира дека Путин има двојник кој од безбедносни причини оди на посети и на одредени состаноци, а овој пат појавата на неговите образи уште повеќе ги подгреа сомнежите.

Сите корисници на Твитер коментираа дека лицето на претседателот на Русија изгледа малку чудно, и дека е многу можно воопшто да не е тој.

„Путин доби инекција за малку да му ги наполни образите“,

„Јасно е дека ова е актер“,

„Ова лице не е лицето на вистинскиот Путин“,

„Би сакал да знам како изгледа без сите корекциите“, се само дел од коментарите…