Идната недела во Русија ќе се одржи референдум за уставните амандмани што ќе му овозможат на Путин да го „ресетира“ бројот на претседателските мандати и да остане на власт до 2036 година.
Според сегашниот Устав, претседателот на Руската федерација може да има два последователни мандати, што значи Путин (67) треба да се повлече по крајот на неговиот мандат во 2024 година.
Ако бидат прифатени уставните измени, тие ќе му овозможат уште два мандата по 6 години, до 2036 година, доколку тој се кандидира и победи на изборите .
Путин ја извршува функцијата претседател на Руската федерација од 2012 година, функција што јаизвршуваше и во периодот 2000-2008 година.
По ненадејната оставка на Борис Елцин, тој беше и премиер на Русија од 1999 до 2000 година и повторно од 2008 до 2012 година.




