Русија е подготвена да преговара со сите страни вклучени во војната во Украина, но Киев и неговите западни поддржувачи одбиваат да учествуваат во разговорите, изјави рускиот претседател Владимир Путин, пренесе Ројтерс.
„Подготвени сме да преговараме со сите учесници за прифатливи решенија, но тоа зависи од нив. Не ние одбиваме да преговараме, туку тие“, изјави Путин за државната телевизија Росија 1. Според него, Русија дејствува во „вистинската насока“ во Украина бидејќи Западот на чело со САД се обидува да ја подели Руската Федерација.

Верувам дека постапуваме во вистинска насока, ги штитиме нашите национални интереси, интересите на нашите граѓани, нашиот народ. И ние немаме друг избор освен да ги заштитиме нашите граѓани, додаде Путин.
Киев, од своја страна, истакнува дека нема да мирува додека секој руски војник не биде протеран од целата нејзина територија, вклучувајќи го и Крим, кој Русија го анектираше во 2014 година.
Руската инвазија на Украина на 24 февруари го предизвика најопасниот конфликт во Европа од Втората светска војна. Ова е најголемата конфронтација меѓу Москва и Запад од кубанската ракетна криза во 1962 година. Засега, крајот на војната не е на повидок.







