Путин: Рускиот став за Косово е познат!

Рускиот претседател кој денеска пристигна во Белград вели  дека „познат е рускиот став за прашањето за Косово и Метохија“, пренесува Б92.



„Се залагаме за заемно прифатливо решение за Косово во согласност со Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН“, рече Путин.

Според него,  последните потези на Приштина – воведувањето даноци и создавањето косовска армија, предизвикаа сериозни тензии.

„Русија ја дели загриженоста на српското раководство и граѓаните бидејќи овие чекори може да доведат до дестабилизација на Балканот“, додаде рускиот претседател според кој сатбилен Балкан е и руски интерес.