Рускиот претседател Владимир Путин е разочаран од изјавата на поранешната германска канцеларка Ангела Меркел според која таканаречените преговори „Минск1“ и „Минск 2“ не биле мировни туку имале цел Украина да се вооружи за војна со Русија, пренесуваат медиуми
Меркел во интервјуто објавено во четвртокот рече: „А договорот од Минск во 2014 година беше обид да и се даде време на Украина. Таа исто така го искористи тоа време да стане посилна, како што можете да видите денес…
Според Меркел, Путин лесно можел да ја прегази Украина на почетокот на 2015 година. „И јас многу се сомневам дека земјите-членки на НАТО тогаш би можеле да направат онолку колку што прават сега за да и помогнат на Украина“, додаде таа.
Путин на ова вели дека претпоставувал „дека раководството на Сојузна Република Германија ќе се однесува чесно со нас“.
„Беше јасно дека Германија е на страната на Украина, дека ја поддржува.
„Сепак, ми се чинеше дека раководството на Германија е секогаш искрено во напорите да се најде решение засновано на принципите за кои се договоривме и кои беа постигнати, меѓу другото, во рамките на процесот во Минск.
Мировниот план на Минск за источна Украина, која е под руско влијание од почетокот на непријателствата во 2014 година, презеде далекусежни обврски кон завојуваните страни кои никогаш не беа спроведени.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека нема да ги спроведе договорите постигнати со посредство на Германија и Франција.
Поради ова, Путин ја започна инвазијата на Украина на 24 февруари.







