Путин пристигна во Абу Даби

 

Рускиот претседател Владимир Путин пристигна во Абу Даби, каде што ќе разговара со претседателот на ОАЕ, Мохамед бин Зајед Ал Нахјан, јавија руски медиуми.



Како што најави претходно помошникот на шефот на државата Јуриј Ушаков, средбата ќе започне со учество на делегации, а подоцна лидерите ќе продолжат со разговор во 4 лица.

По завршувањето на работната програма во Абу Даби, Путин ќе замине во Ријад. Таму ќе разговара со принцот престолонаследник, претседател на Советот на министри на Кралството Саудиска Арабија, Мохамед бин Салман Ал Сауд.

Последен пат Путин ги посети Обединетите Арапски Емирати и Саудиска Арабија во октомври 2019 година.

Посетата доаѓа откако ОПЕК+ минатиот четврток се согласи за доброволно намалување на снабдувањето со вкупно околу 2,2 милиони барели дневно, вклучително и продолжување на постојните саудиски и руски доброволни намалувања од 1,3 милиони барели дневно.

Против рускиот претседател е распишана меѓународна потерница…