Соединетите држави го отфрлиле предлогот на рускиот претседател Владимир Путин за прекин на огнот во Украина за замрзнување на конфликтот, објави Ројтерс.
Агенцијата за ова се повикува на три руски извори запознаени со разговорите меѓу посредниците од двете страни.
Но, американски извор ги демантираше информациите за какви било неформални контакти и рече дека Вашингтон нема да преговара без учество на Киев.
Руски извори рекоа дека Путин во 2023 година јавно и приватно му ставил до знаење на Вашингтон преку посредници, вклучително и арапските партнери на Москва на Блискиот Исток, дека е подготвен да размисли за прекин на огнот во Украина.
Путин предложил замрзнување на конфликтот според сегашните линии и не сакаше да отстапи ниту една од украинските територии што Русија ги окупираше, велат соговорниците на агенцијата.
„Контактите со Американците не доведоа никаде“, изјави за Ројтерс висок руски функционер запознаен со дискусиите кон крајот на 2023 и почетокот на 2024 година, кој сакаше да остане анонимен.






