Путин потпиша указ за одмазнички мерки кон непријателските земји

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ за одмазднички економски мерки во врска со непријателските дејствија на некои странски земји.



Уредбата им забранува на федералните власти да водат бизнис со правни и физички лица во однос на кои се применуваат посебни економски мерки.

Забрането е и исполнување на обврските кон лицата кои подлегнале на санкции за извршени трансакции, дури и ако тие не се исполнети или не се целосно исполнети, пренесува RT.

Владата има рок од 10 дена да состави нивен список. Уредбата им забранува на федералните власти да водат бизнис со правни и физички лица за кои се применуваат мерките. Документот стапува во сила веднаш и трае сѐ до укинувањето на санкциите.

Указот , исто така, забранува извоз на производи и суровини, произведени во Русија, надвор од земјата, доколку тие се испорачуваат во корист на лица под санкции. Документот исто така ги забранува трансакциите, од кои корист имаат луѓето кои ќе бидат под руски санкции.