Путин обвини дека САД сакаат да ја намамат Русија во војна

Во првиот јавен настап по речиси шест недели, рускиот претседател Владимир Путин ги обвини Соединетите Држави и нивните западни сојузници дека креираат сценарио дизајнирано да ја намами Русија во војна, објави Ројтерс.



Русија го повикува НАТО да го запре секое натамошно проширување, да не инсистира Украина да се приклучи на Алијансата и да ги повлече своите вооружени сили и оружје од источноевропските земји.

Според Путин, Вашингтон не е загрижен за безбедноста на Украина, туку за контролата на Русија.

„Ова е проблемот. Во овој контекст, Украина е само алатка за постигнување на оваа цел. Тоа може да се постигне со различни средства: со вовлекување во воен конфликт и со принудување на нивните европски сојузници да ни ги наметнат строгите санкции за што Обединетите Државите зборуваат за.денес“ вели рускиот претседател.

Според западни земји, Русија ангажираше повеќе од 100.000 војници на границата со Украина, а западните земји стравуваат дека Москва може да планира напад.

Русија, од своја страна, ги негира обвинувањата, но предупредува дека би можела да преземе неодредена воена акција доколку не се исполнат нејзините безбедносни барања.