Путин нема да присуствува на погребот на Шинзо Абе

Рускиот претседател Владимир Путин нема да присуствува на погребот на поранешниот јапонски премиер Шинзо Абе, соопшти денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.



„Путин – не. Другото зависи од протоколарните детали“, рече Песков одговарајќи на прашање за учеството на руски претставници на погребната церемонија.

Новинската агенција Кјодо претходно објави дека Абе ќе биде погребан на 12 јули во неговиот роден град Шомоносеки, префектурата Јамагучи. Ден претходно ќе се одржи верска церемонија во будистички храм во Токио.