Рускиот претседател Владимир Путин нема да присуствува на погребот на починатиот советски лидер Михаил Горбачов во сабота, јавува Ројтерс.



Во изјава за новинарите, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека Путин утрово му оддаде почит со посета на Централната клиничка болница во Москва, каде што почина Горбачов во вторникот.

Првиот претседател на СССР почина на 91-годишна возраст.

Кремљ одбо да се изјасни дали Горбачов ќе добие државнички прогреб, дознава Гардијан

Горбачов го водеше Советскиот Сојуз од 1985 до 1991 година како генерален секретар на Централниот комитет на КПСС, а потоа и како претседател на СССР.

Во 1985 година, тој ја објави перестројката, збир на политички и економски реформи насочени кон демократизација на советското општество.

Во Дговор со американскиот претседател Роналд Реган, тој му стави крај на „Варшавскиот пакт“, во очекувањет дека и НАТО ќе го стори истото.

Актуелниот претседател Владимир Путин во повеќе наврати изјави дека распадот на СССР е „најголемата геополитичка катастрофа на векот“.