Москва изрази нездоволство што полските власти не го поканија претседателот Владимир Путин на церемонијата со која во чест на 80-годишнината од почетокот на Втората светска војна, што ќе се одржи во варшава во септември.
Руското МНР изрази „ччудење“ дека на одбележувањето на годишнината ќе бидат присустни само членки на Европската унија, НАТО и неколку поранешни републики на Советскиот Сојуз.
Москва ги обвини полските власти дека ја занемаруваат историската логика и сакаат да ја претворат комеморацијата во таен состанок.
„И покрај клучното значење и неспорниот придонес на нашата земја поразот на Третиот рајх на Адолф Хитлер и ослободување на полскиот народ од нацистичката окупација, нема место за Русија во оваа поставка“, реагираат од руското МНР и велат дека тоа ќе остане на совеста на полските власти.
Прес-службата на полскиот претседател Анджеј Дуда во изјавата за АФП изјави дека клучна одредница за појканите не е историска, туку современа.
„Овие драматични настани ќе бидат обележани во Полска со земјите со кои таа работи за мир во светот денес, врз основа на принципите на меѓународното право“.
Пред нацистичка Германија изврши инвазија врз Полска на 1 септември 1939 година, Москва и Берлин се согласија да ја поделат Источна Европа, според тајните одредби на германско-советскиот пакт, потпишан во август 1939 година.
Како сојузник на Хитлер, Советскиот Сојуз изврши инвазија врз Полска на 17 септември 1939 година и окупира дел од нејзината територија.
Неполни две години подоцна, Германија енадејно да ја ападне Русија на 22 јуни 1941 година.
Русија инсистира на големите жртви што ги даде Советскиот сојуз во војната против Хитлер.
Според проценките Русија даде 27 милиони жртви, војници и цивили, за време на Втората светска војна .





