Путин нареди до 31 март да се спроведат мерките за плаќање на гасот во рубли

Рускиот претседател Владимир Путин им нареди на руската влада, Централната банка на Русија и на „Газпром“ да спроведат мерки за промена на валутата за плаќање на гас до 31 март.



Ова се однесува на сите земји што преземаат непријателски дејства против Москва, а информацијата ја соопшти прес-службата на Кремљ.

„Владата на Руската Федерација, заедно со Централната банка на Русија и јавното акционерско друштво ‘Газпром’, треба да спроведат сет мерки за промена на валутата на плаќање за испорака на природен гас во земјите на ЕУ и другите земји што воведоа рестриктивни мерки против руски државјани и руски правни лица во руски рубли. Извештајот е доставен на 31 март 2022 година, а потоа – месечно“, се вели во соопштението.

Како што беше прецизирано, владата треба да ја одобри директивата за измена на постојните договори на „Газпром“ за испорака на гас во сегментот на промена на валутата на плаќање во руска рубља. Според списокот на инструкции, тоа е неопходно да се направи до 31 март, „притоа задржувајќи ги обемот на понудата, цените и принципот на формирање цени утврдени со договори“, пренесува „Спутник“.

Путин минатата недела донесе одлука дека непријателските земји во иднина гасот ќе го плаќаат во рубли. Рускиот лидер му нареди на „Газпром“ да ги префрли договорите во рубли. Тој рече дека Русија ќе продолжи да испорачува гас во согласност со договорените количини и цени.