Претседателот на Русија, Владимир Путин, нареди прекин на огнот долж целата линија на воените дејствија од 12:00 часот на 6-ти до 24 часот на 7-ми јануари, објави прес-службата на Кремљ, повикувајќи се на упатствата на шефот на држава, пренесува ТАСС.



„Врз основа на фактот дека голем број граѓани кои исповедаат православие живеат во областите на воените дејствија, ја повикуваме украинската страна да објави прекин на огнот и да им дозволи на луѓето да присуствуваат на богослужбите на Бадник, како и на денот на празникот Божик “, се вели и соопштението од Кремљ..

Претходно во четвртокот, патријархот московски и на цела Русија Кирил им се обрати на страните вклучени во конфликтот, повикувајќи на прекин на огнот и божикно примирје во Украина, како и во Донбас и другите „нови“ (анектирани) региони. на Руската Федерација каде што се водат непријателства.

Руската православната црква го слави Рождеството Христово според јулијанскиот календар, на 6 и 7 јануари, а по овој календар досега се водеше и Украина.

Оваа година, сепак, многу Украинци се придружија во прославувањето на празникот според Грегоријанскиот календар на 24 и 25 декември.

И окрај тоа, утре и задутре се бидат државни празници во Украина.

Вчера прес-службата на Украинската православна црква (УПЦ) соопшти дека нејзиниот поглавар, митрополитот Епифаниј, ќе одржи богослужба по повод Рождеството Христово.