Путин на божикна богослужба во Санкт Петербург

Рускиот претседател Владимир Путин дојде во црквата Преображение во Санкт Петербург за да присуствува на вечерашната богослужба во чест на Христовото раѓање.



Во оваа црква Путин го чекаше Божик и во 2012 година кога беше премиер на Русија и тогаш им рече на новинарите дека е крстен во неа.

Премиерот Дмитриј Медвед со сопругата Светлана, пак, присуствува на божикната литургија во храмот Христос Спасител во Москва.