Путин му посака добро здравје на Бајден по навредата дека е убиец

По изјавата на американскиот претседател Џозеф Бајден дека рускиот претседател ќе ја плати цената за неговото наводно мешање во американските избори и дека го смета за убиец, Владимир Путин му посака на Бајден добро здравје.



„Кога им судиме на другите луѓе или ги проценуваме другите држави, нации, секогаш изгледаме дека се гледаме во огледало, секогаш се гледаме себеси таму. Ние секогаш ја гледаме нашата суштина во другата личност“, рече Путин на прашањето за коментарите на Бајден на прес-конференција.

„Што би му рекол на Бајден? Би му посакал добро здравје, го велам тоа без иронија или шега“, додаде тој.

Рускиот претседател оцени дека Вашингтон е посветен на односите со Москва само под свои услови, но дека Русија ќе работи само под услови кои се поволни за неа.