Владимир Путин би можел да биде заменет со „млад полковник“ каков што беше сегашниот руски претседател на почетокот на неговото владеење.
Ова го предвидува рускиот активист за човекови права и блогер, Марк Фегин, пренесуваат медиуми
„Нема сомнеж во тоа. Главното тело е одборот на директори на Федералната служба за безбедност на Русија, во кое се вклучени сите….
Се разбира, тие можат да прават такви планови. И можат да размислуваат како, што и дали. Што ако Путин умре утре? Ова исто така може да се случи – не е неопходно да се отстрани. И ќе им треба таков полковник – затоа што ситуацијата тоа го бара“, изјави Марк Фегин.







