Путин клечи пред Си: Фотомонтажа како лажна вест

Фотографија која стана вирална и на која се гледа како рускиот претседател клечи пред својот кинески колега, наводно, при посетата на Си Џинпинг на Москва, предизвика жестоки дискусии на социјалните мрежи, пишува Дојче веле.



Путин клечи пред Кси. Тоа би бил гест на понизност кој би имал многу силен симболичен карактер – доколку таа сцена е реална, пренесува Индекс.хр.

„Путин клекнува, се заколнува на послушност и лојалност на својот господар Кси“, коментира корисник на Твитер.

Друг се потсмева дека колената на Путин веќе се свиткани.
Фотографијата ја споделија некои новинари, а на сите платформи прегледана е повеќе од милион пати

Но, Путин не му се поклони на Кси – фотографијата е лажна. Освен што таквиот гест на покорност од еден лидер кон друг би бил крајно нереален, истражување покажува дека сликата на Кси и Путин најверојатно е генерирана од вештачка интелигенција. Бројни индикатори го поддржуваат ова.

Програмата Hugging Face ги испитува сликите за абнормалности и проценува дали сликата е природна или вештачка.

Во сцената кога Путин клечи пред Кси, детекторот за вештачка интелигенција суди: 57 проценти е вештачки генерирана.

Ниту американската фото-агенција Гети , ниту руската државна новинска агенција ТАСС немаат слики што наликуваат на наводното клекнување.
А ни мебелот на вистинските фотографии од државната посета не се совпаѓа ниту со виралната слика од социјалните мрежи.