Доколку победи на претседателските избори во март следната година, актуелниот руски претседател со уште 6-годишен мандат ќе владее со Русија подолго од Сталин.
Владимир Путин вчера официјално објави дека ќе се кандидира за следните претседателски избори во 2024 година.
Путин го започна својот прв претседателски мандат во 2000 година.
Во меѓувреме, тој беше премиер четири години, а потоа беше реизбран за шеф на државата во 2012 и 2018 година.
Како резултат на уставните реформи усвоени во 2020 година на иницијатива на Путин, тој теоретски би можел да остане шеф на државата до 2036 година.
Ако Путин заврши уште шестгодишен мандат во Кремљ, ќе го надмине тиранинот Јосиф Сталин, кој владееше со Советскиот Сојуз од 1924 до 1953 година.
И тогаш Путин ќе стане шеф на руска држава со најдолго владеење по царицата Катерина Велика во 18 век.
Императорка владеела со Русија во периодот од 1762 година до 1796.






