Путин ќе се соочи со 30 противкандидати на изборите

Иако е речиси извесно дека рускиот претседател на изборите во март лесно ќе издвоијува победа, агенцијата ТАСС јавува дека над 30 лице пројавиле интерес да му се спротивстават на претседателските избори.



Путин учествува како независен кандидат и за тоа сега е во фаза на собирање на потребните 300.000 потписи за каѝндидатура.

„Се разбира, кампањата ќе биде конкурентна бидејќи е очигледно дека ќе има повеќе од еден кандидат. Во секој случај, повеќе од 30 луѓе кои сакаат да станат кандидати“, вели шефицата на Централната изборна комисија Ели Памфилова за државната новинска агенција ТАСС.

Поранешната телевизиска новинарка Екатарина Дунцова беше спречена да се кандидира против рускиот претседател Владимир Путин на изборите кои ќе се одржат следниот март поради „грешки“ во пријавата за кандидатура, објави нејзиниот изборен штаб пред три дена на комуникациската платформа Телеграм.

Одлуката е донесена само три дена откако 40-годишната Дунцова поднела барање до изборната комисија да биде регистрирана како кандидат.