Рускиот претседател Владимир Путин ги покани претприемачите да се вратат на практиката на „петгодишни планови“ и побара од деловните здруженија да испратат свои предлози во врска со тоа, објави прес-службата на Кремљ.
Тој нагласи дека очекува „суштинска работа“, а не „апели и декларации“.
„Предлагам денеска да разговараме за друга иницијатива – да прогласиме пет години креативна претприемничка работа во Русија и да ги исполниме не со какви било официјални или квази-официјални протоколарни настани, туку со конкретна, суштинска работа“, рече Путин.
Во СССР активно се користеше петгодишниот метод за планирање на развојот на националната економија, или (не)популарната „петолетка“.
Советскиот Сојуз започна серија од петгодишни планови кои започнаа во 1928 година во времето на Јосиф Сталин.
Тој го започна она што подоцна ќе се нарече „револуција одозгора“ за да ја подобри внатрешната политика на Советскиот Сојуз.
Политиката беше фокусирана на брзата индустријализација и колективизација на земјоделството.
Планот, како целина, беше да се трансформира Советскиот Сојуз од слаба и слабо контролирана земјоделска држава во индустриска сила.






