Владимир Путин повторно ќе се кандидира за претседател како независен кандидат, објавија руските агенции, повикувајќи се на изјави неговите приврзаници.



Путин ќе владее со Русија подолго од Сталин

Претседателските избори ќе се одржат во март следната година.

Иницијативната група составена од над 700 политичари и личности од спортскиот и културниот свет се состана deneska во Москва и едногласно ја поддржа номинацијата на Путин за независен кандидат, јавуваат руските новински агенции.

Путин, кој е на власт – како претседател или како премиер – од 2000-та година, најави дека ќе бара уште еден шестгодишен мандат во март следната година на изборите што се очекува удобно да ги добие.

Путин нема да се кандидира како кандидат за владејачката партија Единствена Русија (УР) иако има целосна поддршка, туку како независен кандидат, изјави Андреј Турчак, висок партиски функционер на УР, цитиран од новинската агенција РИА.

За Путин (71), изборите се формалност: со поддршка од државата, државните медиуми и речиси без мејнстрим јавно несогласување, тој сигурно ќе победи.

Поддржувачите на Путин велат дека тој го вратил редот, националната гордост и дел од влијанието што Русија го изгубила за време на хаосот на советскиот колапс и дека неговата војна во Украина – нешто што Путин го нарекува „специјална воена операција“ – е оправдана.

Долгогодишното задушување на противниците и критичарите, зајакнато со нови закони за „лажни вести“ и „дискредитација на армијата“ доведе до тоа критичарите и противниците на војната да добијат долги затворски казни или да бегаат во странство, бидејќи просторот за несогласување постојано се намалува, пишува Ројтерс