Рускиот претседател Владимир Путин со видео порака го честита Меѓународниот ден на жената 8-ми март, истакнувајќи дека развојот на која било држава не може да се замисли без придонесот на жените.
„Овој пролетен ден секогаш е преполн со цвеќе и со подароци, осветлен со среќата на нашите жени и преплавен со нивните насмевки. Денеска сите мажи итаат да ви ја покажат својата почит, да ви дадат љубов“, рече тој, додавајќи дека „желбата за успех е карактерна особина на жените“.
„Вие успевате во сè – и да бидете успешни на работа, и дома, а во исто време да ја задржите својата убавина. Вие ги обединувате своите семејства, ги чувате и им давате љубов“, нагласи шефот на руската држава.





