Путин го зголемува данокот на богатите

Рускиот претседател Владимир Путин најави зголемување на даноците за богатите Руси и вети нова државна помош за семејствата со деца, пренесува Ројтерс.



Ќе се укине стапката од 13 отсто данок за сите, воведена пред скоро две децении, и најави дека сите кои имаат прииход над пет милиони рубли (72.833 американски долари) годишен приход во иднина ќе плаќаат 15 проценти данок.

Идната недела во Русија ќе се одржи референдум за уставни измени кои ќе му овозможат на Путин да остане на власт уште 12 години, откако во 2024 му истекува сегашниот претседатѕелски мандат.

Овој „даночен“ потег што ќе се применува од јануари, ќе одекне добро кај гласачите кои се фрустрирани од падот на приходите, но и од класата на богати деловни луѓе која се формираше по распадот на СССР.