Рускиот претседател Владимир Путин го потпиша уставниот амандман со кој во Русија и формално се забрануваат истополови бракови.
Дефинирањето на бракот како заедница исклучиво меѓу маж и жена Русите со огромно мнозинство од 78 проценти го изгласаа на 1 јуни 2020 година како дел од пакетот уставни реформи.
Најпознатата одредба од тој пакет е можноста Путин да се кандидира за уште два шестогодишни претседателски мандати, со што би владеел со Русија до 2036 година, а друга одредба му дава доживотен имунитет од казнен прогон.
Истополовите бракови веќе се нелегални во Русија, а со уставниот амандман тоа само дополнително се зацврстува, исто како и забраната за посвојување деца.
Забраната за „геј пропаганда“, која опфаќа сè што се смета „про ЛГБТИ“, постои од 2013 година.






