Најмалку две, три или повеќе деца да имаат семејствата побара рускиот претседател предупредувајќи дека доведен е во прашање опстанокот на нацијата.
Русија претрпе тешки, но необјавени жртви откако ја започна својата војна во Украина пред речиси две години, а стотици илјади луѓе ја напуштија земјата поради противење на конфликтот или поради страв дека ќе бидат повикани да се борат, јавува Ројтерс
Во обраќање кон вработените во фабрика за тенкови во регионот на Урал Путин рече дека две деца по семејство е минималниот број ако народите на Русија сакаат да го зачуваат својот идентитет.
„Ако сакаме да преживееме како етничка група – поточно како етнички групи што ја населуваат Русија – мора да има барем по две деца.
Ако секое семејство има само по едно дете, населението ќе се намали.
А, ако сакаме да се шириме и да се развиваме, мора да има најмалку три деца“, порача рускиот претседател.
Државниот завод за статистика процени дека на почетокот на 2023 година имало 146,4 милиони Руси, што е пад во однос на близу 149 милиони жители колку што броеше пред 20 години…






