Извесен портал New Lines објави аудио снимка од олигарх близок до Кремљ кој вели дека Путин е „многу болен“ и дека има „рак на крвта“, иако тој не прецизираше каков вид на рак навиодно боледува рускиот претседател.
Олигархот, чие име не се споменува, тврди дека во седиштето на руската безбедносна агенција ФСБ бил испратен „строго доверлив документ“, исто како и до сите регионални директори на ФСБ.
The New Lines ги наведува и неодамнешните набљудувања за промените во физичкиот изглед на Владимир Путин – од начинот на кој оди до неговиот „надуен“ изглед, што може да значи дека зема лекови.
Ешли Гросман, професор по ендокринологија на Оксфорд, изјави за порталот дека “Путин отсекогаш изгледал во форма. Но, во последните неколку години лицето и вратот му изгледаат многу отечени. Тој изглед е компатибилен со стероиди”.
Си-Ен-Ен потсетува дека таквите тврдења не можат да се проверат, како што наведува „Њу лајнс“, и дека тие едноставно може да значат дека оние во Русија кои сакаат да го соборат Путин шират такви гласини за да ги убедат истомислениците дека Путин е ранлив.






