Путин: Доњецк и Луганск имаат исто право на независност како и Косово

Рускиот претседател Владимир Путин во текот на разговорот со Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш нагласил дека Русија била принудена да ги признае Доњецк и Луганск како независни републики.



„Ова е принудна мерка за крај на маките на луѓето кои живеат во тој крај. За жал, нашите колеги од Запад претпочитаа да замижуваат пред се што се случува таму“, рекол Путин.

Путин го потсетил Гутереш дека двете републики станале независни по аналогија со одлуката на Меѓународниот суд на правдата, која беше донесена и во случајот со Косово.

Тутин мју објаснил на Гутереш дека лично ги прочитал сите документи на Меѓународниот суд на правдата за ситуацијата во Косово.

„Добро се сеќавам на одлуката на Судот која вели дека при остварувањето на правото на самоопределување, оваа или онаа територија на која било држава не е обврзана да бара дозвола од централните власти на земјата да се изјасни за нејзиниот суверенитет.

Тоа беше кажано за Косово и сите ја поддржаа оваа одлука. Во таа смисла, Доњецк и Луганск имаат исто право“, истакнува рускиот лидер.