Рускиот претседател Владимир Путин ја повика украинската војска „да го остави оружјето веднаш и да замине дома“.
„Оние војници на украинската армија кои ќе го исполнат ова барање ќе можат слободно да ја напуштат зоната на борбени операции и да се вратат кај своите семејства. Целата одговорност за можното крвопролевање „целосно ќе лежи врз владејачкиот режим во Украина“.
Во своето обраќање до украинскиот народ, тој објасни дека дејствијата на Русија се преземени во самоодбрана од закани и од „уште поголема несреќа од онаа што се случува денес“.
„Колку и да е тешко да се направи ова, ве замолувам да го разберете ова и повикувам на соработка со цел што поскоро да се сврти оваа трагична страница и заедно да одиме напред.






