Рускиот претседател Владимир Путин се согласи денеска да се сретне со мајките на војниците кои се борат во Украина, соопшти Кремљ.
„Пред Денот на мајката, кој се слави во Русија во последната недела од ноември, Владимир Путин ќе се сретне со мајките на војниците кои учествуваат во специјална воена операција. Путин ќе се сретне и со мајките на резервистите кои се повикани да се борат , како и со мајките на професионалните војници“, се вели во соопштението на Кремљ.
Според западни податоци, војната во Украина убила и ранила десетици илјади војници од двете страни.
Стотици илјади руски војници се испратени да се борат во Украина, вклучително и повеќе од 300.000 резервисти повикани како дел од мобилизацијата што Путин ја најави во септември.







