„Заканата од нуклеарна војна не треба да се потценува”, изјави рускиот претседател Владимир Путин на годишната прес-конференција кој се одржува денеска.
„Намалувањето на контролата на оружјето може да доведе до глобална нуклеарна катастрофа, а тоа е катастрофално за човештвото“, истакна рускиот претседател.
Рускиот претседател одговара на десетици прашања на повеќе теми, од економијата до меѓународните случувања.
На годинашното обраќање, овој пат постигнат е своевиден рекорд – присутни се речиси 1.700 новинари од целиот свет.




