Кремљ чека конечни и официјални резултати, за да даде коментар за изборите во САД.

Запрашан зошто во 2016 година претседателот Владимир Путин му честиташе на републиканецот Доналд Трамп брзо откако победи на Изборниот колеџ и ја порази демократката Хилари Клинтон, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пред новинарите денеска изјави:



„Можете да видите дека има одредени законски процедури што беа објавени од сегашниот претседател …

Затоа ситуациите се различни и затоа сметаме дека е соодветно да се чека официјално соопштение“, рече Песков и додаде дека „Путин во повеќе наврати рече дека ќе го почитува изборот на американскиот народ“ и дека е подготвен да работи со секој претседател на САД.