Путин: „Блиц-кригот“ со санкциите на што сметал Запад – пропаднал

„Одбивањето на голем број западни земји да соработуваат нормално со Русија, вклучително и енергетските ресурси на Русија – веќе погодија милиони Европејци, предизвика вистинска енергетска криза и влијае на САД. Цените и инфлацијата растат насекаде – за овие земјите тоа е апсолутно без преседан.



Ова е оценка на рускиот претседател Владимир Путин дадена за РИА новости.

Според него, „блиц-кригот“ со санкциите на кои се потпираше Западот пропаднал..

Путин вели дека земјата ќе може да ја зголеми домашната потрошувачка на нафта, гас и јаглен, да стимулира поголема преработка на суровините и да го зголеми извозот на енергенси „во другите региони во светот каде што навистина се потребни“.

Вчера рускиот претседател повтори дека дополнителните западни санкции против неговата земја ќе и наштетат и на Европската унија, бидејќи економиите во регионот се меѓусебно поврзани.

Путин рече дека среднорочните и долгорочните ризици од санкции против руската економија може да се зголемат, но рече дека финансискиот систем на земјата во моментов е стабилен.